Неколку години се шпекулираше дека Џаред Лето ќе го портретира Енди Ворхол на филм, актерот вчера потврди дека биографскиот филм за познатиот поп арт уметник се подготвува. Тој објави неколку фотографии на легендарниот артист заедно со изјавата „Да, точно е. Ќе го глумам Енди Ворхол во новиот филм. Многу сум возбуден и многу благодарен за оваа можност“, напиша тој на Инстаграм, но иако подоцна ја избриша објавата, веста за новиот филм ја објавија повеќе филмски публикации.
Филмот ќе се базира на биографијата што ја напишал Виктор Бокрис, издадена две години по смртта на Енди Ворхол. Џаред ги купил авторските права за екранизација и покрај тоа што ќе го глуми Ворхол, ќе биде и продуцент на филмот.
Нема коментари