Познат по својот авангарден пристап во модата и по колоритниот и ексцентричен личен стил, актерот и музичар Џаред Лето уште еднаш го покажува својот flamboyant имиџ во фотосесијата за списанието C for Men, машката верзија на C California Style. Додека на насловната е стилизиран во нешто посмирена варијанта – светол костум и сина кошула со линии, во внатрешниот едиторијал Џаред позира во цветен комлет на „Гучи“, металик одело за летање во комбинација со жолт џемпер на „Луј Витон“ и во црвена јакна и панталони со амблеми на Долче и Габана. На една фотографија е покриен со бунда, но секако од вештачко крзно. Џаред со години е веган, па никако не би се фотографирал во вистинско крзно.
Нема коментари