• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
личен стил 0

ЈЕЛКИЦА ПОПОВСКА – Од навидум нереални замисли стилизирам позитивни приказни

Од Ана Несторовска · На февруари 10, 2014

Јелкица во својот дом, фото: Виктор Наумовски

Љубовта кон дизајнот и убавото, како и љубопитството за нови проекти и соработки, постојано ја поттикнуваат да чекори напред и да ги прифаќа предизвиците што ги носи наредниот ден. Потребата од креативно изразување на младата скопјанка Јелкица Поповска вроди со широка палета на успешни ангажмани. Има работено како стилист на повеќе модни едиторијали,  како мејкап-артист, дизајнерка на ентериер, пејачка, модел, но пред сè влегува во очи со својата харизматична природа и добро изграден моден стил.
-Можеби ќе звучи смешно и откачено, но е многу вистинито. Баба ми (која е Хрватица) отсекогаш ми велеше: „Onaj ko ima ukus, ima ukus od rođenja“ (Оној кој има вкус, има вкус од раѓање). Едноставно имаш око кое перцепира поразлично од другите и раце кои можат да изведат чуда. Око, кое може да забележи и да погледне со поинаква перцепција или да создаде композиција која ќе изгледа совршено. На почеток ќе делува нереална замислата за останатите, а сепак на крајот доаѓа пријатно изненадување. Тоа се случува многу пати кога работам на моите проект, но и на себеси. Поточно, кога пробувам да ја доловам на некој друг мојата замисла изгледа малку зачудувачки во очите на другите, но таа е секогаш позитивно прифатена на крајот.

>>Иако во јавноста си позната со своите модни ангажмани и својата музичка кариера, ти сепак имаш завршено индустриски дизајн и внатрешно уредување на простор во Италија- професија која повторно има врска со естетика, убавина и креативностa. Што те привлече кај внатрешното уредување, во што беше предизвикот да се одлучиш за оваа насока?
-Повеќе уживав во уредување на простор, бидејќи облеката сепак може да биде детал и во уредувањето. Стилист е доста блиска професија со дизајнер на внатрешно уредување. Како што можете да забележите во светот, а и кај нас, сите трендови и материјали што се користат во модниот свет, се аплицираат и во домот, кафулињата, канцелариите итн. Додека индустрискиот дизајн ми претставуваше ниво погоре, поради тоа и избрав да магистритрам во таа сфера. Светот технолошки расте сè повеќе како и индустријата за продукти. Многу ми е жал што и кај нас нема фабрики, но сепак денес имаме можност да се истакнеме и преку интернет. Доволна е само желбата, а и секако за индустрискиот дизајн е потребно многу повеќе искуство, анализа на потребите на потрошувачите, како и секојдневно едуцирање и следење на новите технолигии и трендови.
>>Какви ангажмани си имала досега како дизајнер на ентериер, што најчесто уредуваш и кои досегашни проекти ти се најзначајни?
-Моите почетоци беа во „Македонија проект“, каде што работев три години, а во меѓувреме учествував и на конкурси во странство преку интернет. Потоа се вработив во италијанска градежна фирма, во која не работев како дизајнер, но стекнав огромно искуство и во други сфери. Сега повторно и посериозно сакам да се посветам на тоа што ми е желба и дарба. Имам идеа за која што сакам да бидам-да поттикнам Скопје да има свој дизајнерски кварт, со повеќе концептуални ресторани, кафулиња, слаткарници, продавници и простор за истакнување на дела, концепти, изложби и ревии. Неодамна еден повозрасен пријател ми кажа дека имам многу креативен мозок, кој морам да го споделам до бескрај со околината, и дека можам слободно на овие години да бидам претседател, хахаха. Се шегувам, но никогаш не сум се гледала самата себе на таква позиција, ниту пак како директорка и предводена сум од желбата да ги насмеам луѓето и да ги разубавам, како нив така и просторот во кој што се наоѓаат, едноставно тоа ми е во крвта. Видливо е уште од моето рано детство, кога бев  иницијатор и креатор на игри, претстави, кореографии. Уште тогаш од ништо правев нешто, без ралика дали стануваше збор за облека или било каков друг детал во домот и просторот. Позначајни проекти ми се мојата магистарска теза која ја работев за Natuzzi со врвен и посебен човек, инаку познат дизајнер, Gaetano Pesce, како и уредувањето на канцеларијата на мојот директор во „Македонија проект“, а сега и мојот дом.

Како модел во промотивната фотосесија за колекцијата пролет-лето2013 на Росица Мршиќ, фото: Билјана Ќосева

>>Имаш соработивано во промотивните фотосесии на наши познати дизјанери како Росица Мршиќ, Горан Костовски-Indog … Колку те исполнува активното вклучување во модата како стилистка, шминкерка, советник..?
-Имам работено и со Маја Сашек на едиторијали пласирани во Дубаи, сокреаторката Александра Митковска, дизаjнерката на накит Марта Поп-Антоска, со Моден викенд-Скопје, Cosmo (едиториали за списанието) итн. Ја почитувам уметноста и ги обожавам креативните, амбициозните и позитивните луѓе и не знам да кажам „не“ за било каква соработка. Не се срамам од работа, иако студиите ги завршив во Италија, сепак се вратив во Скопје. Сакам и знам дека ќе успееме од Скопје да направиме културен и интересен град,  во кое и нашите луѓе ќе ја дознаат и ќе ја ценат разновидната уметност. А странците, кои ќе нè посетуваат, ќе имаат за што да поседат и да се вратат пак назад. Дефинитивно ни е потребно и рекламно книгиче кое ќе се шири во нашиот град, а и online, за објавување на сите интересни настани од понеделник до недела како што има во секоја метропола во светот.
>>Во фотосесијата на Мршиќ се појави и како модел. Какво искуство беше ова за тебе и колку моделството ти е блиско и интересно?
-Ах, ми беше интересно, но повеќе уживам од другата страна. Но, како што кажав, не одбивам ангажмани и сакам предизвици.


>>Kои ангажмани поврзани со модата ја дефинираа твојата кариера?
-Со модата сè започна од City Mall кога ме повикнаа за проектот „Мој личен стилист“. Тоа беше супер концепт, иако за луѓето кај нас, тоа сè уште беше необично. Но, морам да признаам дека секогаш бараат совет како и блиските така и луѓе кои не ги знам премногу. Најмногу бев изненадена во Италија, бидејќи иако доаѓав од мал град, во кој не беше развиена модната индустрија, важев за модна икона и без да се облекувам во прескапи и брендирани парчиња. Работам како шминкер и стилист, не само за сесии и ревии, туку и за сите останати. Исто така сум и во подготовка на голема изложба во која ќе прикажам уметност преку шминка која ќе биде реална и современа. Другиот дел ќе биде изненадување.

>> Колку твојата личната естетика и стил ги пресликуваш во твоите ангажмани при внатрешно уредување, но и при модни стајлинзи….Колку си подготвена да правиш компромис?
-Секогаш сакам да се адаптирам на концептот и потребите на оној за кој го работам проектот, дали ќе биде уредување на стан, шминка или стајлинг, мислам дека без разлика на тоа што мене ми се допаѓа, се адаптирам на барањата на клиентот. Пред сè сакам тие да се задоволни, а секако ако побараат совет од мене или ми препуштат сè во мои раце, во тој случај можам да се изразам себе и мојот вкус.

Фото : Виктор Наумовски

>>Со неколку зборови, како би го дефинирала својот стил на облекување  .
Лежерен , спортско-елегантен , секси и забележлив.

>>Кога се разви твојот афинитет кон модата и убавиот изглед?
-Никогаш не сум размислувала и не сум се оптеретувала со тоа како изгледам, но дефинитивно ми претставувало задоволство додека сум се подготвувала дома. Пред сè, поради лична сатисфакција, поттикната од моето расположение и инспирација или пак од приликата. Заради тоа, многу пати сум добила коментар дека сум различна и не можат да ме препознаат, а има и такви кои ми велат „Тоа е Јелкица“. Никогаш нема да ја заборавам, како јас, така и моите пријатели, една вообичаена вечер во која решавам да излезам со необични паунски трепавици. Се паркирав непрописно пред локалот, кога излегов од колата полицаец ми се обрати и ми кажа да ја препаркирам. Јас му се спротиставив и му кажав дека нема да ја тргнам бидејќи после мене и други ќе се паркираат како и вообичаено. Тој ме погледна и ме праша чија ќерка си ти што вака се однесуваш? Јас му трепнав и му одговорив дека сум ќерка на Мадона. И, замислете помина оваа приказна. Тој ми дозволи поради мојот изглед да ја оставам колата непрописно паркирана, хахаха. Ретко грешам во проценка за карактерот на луѓето, но не во контекст на тоа дали се добри или пак лоши, сите знаеме да бидеме и добри и лоши во дадени ситуации, туку според нивниот изглед може да се процени карактерот, муабетите , навиките и начинот на живот кој го водат.

>>Кое модно парче ти е пасија?

-Покрај чевлите пасија ми се и капутите, јакните и палтата .  Најмногу почитувам кожа и мислам дека тоа никогаш не умира како дизајн, а и како квалитет.

>>Со оглед на слабата понуда кај нас, од каде најчесто купуваш облека и накит и кој град за тебе е модно идеален, каде уличната мода според тебе е најубава?
-Бидејќи не сум shopaholic и сум многу конкретна кога купувам, секогаш знам што сакам, а олеснителен дел ми претставува тоа што денес на интернет можеш да го пронајдеш посакуваниот производ заедно со цената. Само многу ми е жал што плаќаме царина … Поради тоа секогаш кога шетам во странство, сакам да си купам сè што имам во списокот. Ги почитувам и некои од нашите дизајнери. Секоја метропола во светов има интересна и специфична улична мода. Сакам да го прошетам целиот свет, и најмногу ги почитувам улиците каде што можат да се најдат дизајнерски парчиња од млади креатори, не премногу извикани имиња, кадешто секогаш се наоѓа уникатно парче со реална цена според квалитетот и дизајнот. Не почитувам иако сум дизајнер да плаќам име освен ако има реална цена за дизајнот и квалитетот (или добар попуст ).

>>Која е твојата најголема модна икона?
-Од модна икона, како и карактерен модел ја обожавам Роузи Хантингтон-Вајтли,  со која имаме слична градба (само што јас имам неколку килограми плус), боја на коса и очи.

>>Дали ги следиш македонските модни блогови, колку меѓу нив има доследни и квалитетни поединци од кои има што да се дознае, научи, види?
-Ми се допаѓаат блоговите на Јована Зука и Мартина Неделковска… Планирам да отворам свој блог, а наскоро и свое студио.

Пoповска го направи стајлингот за едиторијалот со блузоните на Indog со манекенот Андреј Клинчаров и блогерката Мартина Неделковска

Работеше на промотивните фотографии на пилатес-студиото „Тринити“

CosmoЈелкица ПоповскаЈована ЗукаАлександра МитковскаВиктор НаумовскиГоран Костовски- IndOgдизајн на ентериерДубаиИталијаМаја СашекМарта Поп-АнтоскаМартина Неделковскамејкап-артистмоделМоден викенд-СкопјепејачкаРосица МршиќРоузи Хантингтон-ВајтлиСкопјестилистфотосесија„Скопје сити мол“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • selena gomez личен стил

    Селена Гомез во дамски комплет со потпис на Mango

  • Helena-Christensen личен стил

    Хелена Кристенсен шик и елегантна во розов костум

  • 1 личен стил

    Клучни есенски модни парчиња според парижанката Камил Шарие

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

    јули 8, 2025
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    јули 8, 2025
  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics