Оскаровката Џенифер Лоренс после подолго време се појави во јавноста, поради бременоста ги избегнуваше официјалните настани, но не можеше да ја пропушти премиера на својот последен филм Don’t Look Up. Џенифер е веќе во поодмината фаза од својата бременост, но сепак се појави на премиерата во Њујорк во друштво на своите колеги од филмот Леонардо ди Каприо и Мерил Стрип.
Холивудската ѕвезда Џенифер беше облечена во креација на француската модна куќа Диор – златен фустан кој е редизајн на модел од колекцијата за пролет 2022, кој за оваа пригода е креиран во макси верзија и со долги ракави во вид на плашт. Стајлингот е заокружен со накит на Tiffany&Co., коса фатена во пунџа и шминка во топли тонови.
Филмот Don’t Look Up, микс на научна-фантастика и црн хумор, премиерно ќе се прикаже на Netflix на 24 декември.
Нема коментари