Актерката Џенифер Лоренс долгогодишната соработка со париската модна куќа „Диор“ ја продолжи со новата промотивна кампања за чанти за есен 2017, во вид на црно-бели фотографии со потпис на Брижит Лакомб. Фотографката ја уловила актерка во полежерни комбинации на „Диор“, како на пример џинс во комбинација со сега веќе иконската маичка со натписот „Сите треба да сме феминисти“. Стајлингот е дополнет со впечатливи ѓердани, познатото Bar сако, и се разбира, со моделите чанти од есенската колекција.
Нема коментари