Џенифер Лопез и Бен Афлек конечно се венчаа минатиот викенд на имотот на Бен во Џорџија. Oткако пред скоро две децении ја раскинаа првата свршувачка, лани поворно се споија и сега и официјално се во брак. Во јуни брзински се венчаа во Лас Вегас, но големата свадбена веселба се одржа викендов и траеше три дена.
Три дена свадба и три венчаници за невестата Џенифер. Од моден аспект внимание секако привлекува токму свадбениот изглед на Лопез. Таа избра три тоалети изработени по мерка и со потпис на Ралф Лорен, првата и главната венчаница е модел создаден од 500 метри ткаенина (многу нели?) – фустан со рамен column-изглед и голем број парчиња рачно сошиени во долниот дел за да креираат волуменозно золниште и шлеп долг шест метри. Карнери има и на кратките ракави, околувратникот е висок, а изгледот дополнет со долг вел.
Овој венчален фустан веќе го видовме на бројните папараци-фотографии, но сега Џенифер Лопез ги отркива и остатанатите два фустана што таа ги носеше за време на тридневната веселба. Едниот е модел со безброј бисери и бисерни ланчиња рачно зашиени, а другиот е фустан со длабоко деколте и отворен грб, украсен со Сваровски кристали. Се проценува дека трите рачно изработени венчаници, Џенифер ја чинат околу два милиона долари.
Бн Афлек носеше бело класично смокинг-сако и црни панталони, исто така со потпис на Ралф Лорен, а во модели на на овој американски креатор беа и нивните деца – близнаците на Џенифер Макс и Еми, како и децата на Бен, Вајолет, Серафина и Семјуел.
Нема коментари