Џенифер Лопез е лицето од насловната страница на априлскиот број на Harper’s Bazaar на која позира во розов фустан од тул на Оскар де ла Рента, но повозбудливи се внатрешните фотографии. Актерката и пејачка со фотографот Маријано Виванко направија едиторијал во кој таа лета високо и како да ѝ пркоси на гравитацијата. Облечена е во елегантни и луксузни креации на „Валентино“, Каролина Херера, „Сен Лоран“ и изгледа како да е на врвот на светот. Лопез во интервјуто за магазинот зборува за врската со спортистот Алекс Родригез и признава дека сè уште верува во бракот, а ја начнува и темата на секскуалното злоставување во шоубизнисот, и отворено зборува за својот живот и кариера на сценски изведувач и продуцент.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари