Џенифер Лопез лета високо и се нурнува во вода на фотографиите од новиот едиторијал сместен на страниците на февруарскиот број на Harper’s Bazaar
Иако е зима актерката и пејачка позира во едноделни костими за капење во фотосесијата за модното списание што ја потпишува Камила Акранс. Во своето прво интервју во 2019 година Џенифер зборува за кариерата и за предизвиците на кои наишла за да стигне до врвот, но и за приватниот живот и љубовните врски.
Џенифер на насловната позира во фустан со архтектонска силуета, креација на „Гучи“, но на внатрешните фоторафии е во костими за капење. Вниманието го привлече и фотографијата на која носи црно боди со нагласени раменици, дел од пролетната колекција на „Сен Лоран“, и дијамантски ѓердан на De Beers.
Нема коментари