Откако се појави на ревијата на „Версаче“ за колекцијата пролет-лето 2020, еве ја Џенифер Лопез и како заштитно лице на кампањата на модната куќа за претстојната пролетна сезона. Таа заедно со манекенката Кендал Џенер позира на промотивните фотографии на тандемот Мерт и Маркус, а кои се инспирирани од футуризмот и дигиталното доба. Џенифер изјави дека „Версаче“ за неа претставува ојачување на жените преку модата и бренд кој внесува нешто убаво во овој свет, и вели дека е горда што повторно соработува со својата пријателка Донатела Версаче.
Нема коментари