Супермоделот Џери Хол чија ѕвезда блесна во далечните 1970-ти, денес ретко се појавува во рекламни кампањи или на модни ревии, па затоа секоја нејзин моден ангажман привлекува големо внимание. Тоа е случајот со новата кампања за славната париска модна куќа Сен Лоран (порано Yves Saint Laurent, сега само Saint Laurent). Пред објективот на Дејвид Симс, таа позира во клучните моменти од новата колекција за пролет- лето 2022 на брендот дизајнирана од сегашниот креативен директор Ентони Вакарело, вклучувајќи смокинг-фустан во комбинација со кожени ракавици, кариран костум и тесен кадифен комбинезон. Секое од овие парчиња е квинтесенција на стилот на Сен Лоран, во кој сексапилноста и елеганцијата совршено се комбинираат.
Инаку, ова не е прва соработка на Џери Хол со модната куќа, таа работеше со Сен Лоран уште во седумдесеттите – тогаш самиот Ив Сен Лоран ѝ ја довери кампањата за парфемот Opium фотографирана од Хелмут Њутон. Американската манекенка се присетува: „Мојата прва модна ревија беше за Ив Сен Лоран. Тогаш носев неверојатен смокинг. А мојот прв фотограф бее Хелмут Њутон, во 1973 година. Имав навистина многу среќа. Имав неверојатна кариера“.
Нема коментари