Во пресрет на денешната свечена инаугурација на новиот претседател на САД Џо Бајден, идната прва дама Џил Бајден заедно со сопругот се појави на комеморативен настан за жртвите од Ковид-19 пред споменикот на Линколн во Вашингтон, облечена во виолетов капут со должина до под колена и со панделка од кадифе.
Јавноста со децении го следи стилот на првите дами на САД, модните познавачи ќе го анализираат и изгледот на госпоѓата Бајден. И поремено ќе бараат пораки во нејзиниот стил. Модните познавачи и експертите за протокол велат дека изборот на виолетовата не е случаен. Во политиката виолетовата боја често се смета дека е симбол на единство, во случајов алудира на американско единство, затоа што ги комбинира црвениот мотив на Републиканската партија и сината шема на бои на Демократската партија. Виолетовата нијанса во политичкиот контекст многумина ја толкуваат и како поддршка на женското право на глас.
Елегантниот капут на Џил Бајден е креација на Џонатан Коен, моден дизајнер од Њујорк. Џил го дополнила стајлингот со виолетови ракавици, цветна заштитна маска, чанта со потпис на Тајлер Елис, а за ди разбие виолетовите тонови на облеката, избрала салонки во nude нијанса од Џими Чу.
Нема коментари