Во 2000 година пејачката и актерка Џенифер Лопез привлече огромно внимание кога се појави на црвениот килим на доделувањето на наградите Grammy облечена во провокативен зелен фустан со длабоко деколте и со дезен иснпириран од џунгла, креација на модната куќа „Версаче“. Имиџот на Лопез таа вечер и креацијата постојано се наоѓаат на разни модни листи за највпечатлив излед, а Лопез преку ноќ се трансформира во нова стилска икона. Покрај тоа што е еден од наjпознатите фустани од црвениот килим на сите времиња, се вели дека токму овој фустан на Џенифер Лопез бил поттик за создавање на Google Image Search.
Во Милано вчера на ревијата на „Версаче“ на која беше откриена колекцијата за пролет-лето 2020, Џенифер Лопез повторно привлече внимание и тоа со истата креација. Имено, Џенифер како гостинка на ревијата и на Донатела Версаче, го реинетрпретира истиот изгед од Grammy и самоуверено на пистата се прошета во скоро истиот фустан. Разликата е што новата верзија е за неколку нивоа попровокативна.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари