Иако постои нешто повеќе од една година модниот магазин Porter за кратко време стана мошне релевантен на сцената, насловните страници ги краселе Лејди Гага, Жизел Бундшен, Наталија Водјанова, Кејт Бланшет, Лара Стоун и Карли Клос, а за деветтиот број уредништвотво ја ангажира порториканската супермоделка Џоан Смолс. Со ова Смолс е првиот модел со тен поразличен од белиот на насловната на Porter, а за снимање на фотосесијата за бројот наречен „летно бегство“, манекенката се врати во родниот град Хитило, во Порторико. Фотографиите се на Рајан Мекгинли, а стајлингот го направи Алекс Вајт.
Во разговорот за магазинот Џоан зборува за борбата да биде прифатена на модната сцена, дека додека била тинејџерка воопшто не им била привлечна на момчињата и како што вели „доцна процветала“. Но нагласува дека секогаш се чувствуваа добро во своето тело. Идоли ѝбиле Хајди Клум, Синди Крафорд и Тајра Бенкс кои ги гледала на телевизија и кои ја интригирале да почне да размислува за манекенкство. Смолс раскажува дека на почетокот од кариерата не ѝбило лесно. Често била одбивана на кастинзи и се борела да биде прифатена. Како Латино-американка можеби расизмот е причина за честите одбивања, па затоа вели дека решавањето на недостатокот на разновидност во модата треба да биде редовна појава, а не само повремена тенденција.
Нема коментари