Модната куќа „Диор“ по пауза од десет години лансира нов машки парфем и во рекламната кампања го ангажира актерот Џони Деп, кој пак за првпат се најде во улога на модел во козметичка кампања. Парфемот чие име уште не е познато ќе се појави на пазарот во септември, но компанијата веќе објави прва промотивна фотографија на која го гледаме Деп уреден и дотеран, но сепак во свој стил, со малку креон под очите и стилизиран со препознатливиот накит. Француската модна куќа и претходно ангажирала згодни актери во своите кампањи, на пример Џуд Лоу и Роберт Патинсон, а Деп сега им се приклучува и на Натали Портман, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон и Марион Котијар во друштвото на актери во „Диор“.
Нема коментари