„Помалку е повеќе“ е главниот совет што дизајнерката Јован Филиповиќ го дава секогаш кога ќе ја прашаат за совет во врска со стајлингот, без разлика дали станува збор за изгледот за пречек на Новата година или некоја друга посвечена пригода.
-Помалку шминка, внимателно избрани детали и облека која ќе ве направи да се чувствувате самоуверено, сексипилно, пријатно, и пред сè женствено.. За оваа новогодишна ноќ предлагам два изгледи, зависно од тоа каде планирате да ја дочекате Новата 2015та -вели креаторката која е актуелна со линијата есен-зима 2014/15 Where The Wild Things Are , промовирана на Моден викенд-Скопје, за која ја доби наградата на Stylist.mk за најдобра колекција.
1. Сексипилен business look
Слободно можете да бидете Ким Бесинџер во филмот „Девет и пол недели“. Бела кошула , коженоздолниште и долна облека како моден додаток. Коженото здолниште е од мојата последна колекција за есен-зима 2014/15 , а кошулата од линијата за пролет-лето 2014.
2. Животински принтови
Бидејќи животинскиот принтот е нешто што никогаш не излегува од мода, како втор избор би предложила фустан со леопардски принт, кој ќе ја истакне женственоста, самоувереноста и силниот карактер на жената. Лесен за носење, движење и освојување на новогодишниот подиум. На едната сликата е прикажан свилен фустан од последната колекција Where The Wild Things Are, а на другата е извадок од едиторијалот за есен-зима 2014/15 наAntidote Magazine.
3. Крзно
Во боја, црно или, бело, природно или вештачко, крзното може да го носите како моден додаток во било кое време. Освен што ќе ве стопли, исто така ќе го „загрее“ и вашиот целосен стајлинг. Фотографиите се од последната колекција за есен/ есен-зима 2014/15.
4. Шминка
Шминката нека биде чиста, прецизна, надополнета со кармин со силни тонови. Според мене, една од најголемите грешки што се прават при шминкањето е нанесувањето премногу шминка.. Со шминкањето не треба да ги импресионирате другите, туку да бидете “вие“.
5. Природен изглед на косата
Без разлика каква коса и да имате, кратка или долга, бојадисана или виткана оставете ја да биде природна, лелеава…да плени со свежина и гламур.
Нема коментари