Еден од нашите најуспешни интернационални модели Јована Нешова е на чекор од новата сезона и ги прави последните подготовки пред да замине за Кина и Сингапур. Во нејзиното богато и големо портфолио како последни и најуспешни проекти ги вбројува едиторијалот на кинескиот Vogue со наслов The Shape Shift, како и едно од заштитните лица во кампањата за брендот FINELYCUP, која беше работена минатиот септември, но е за целата претстојна 2019 година.
-Низ годините Нешова само го потврди својот статус на една од најбараните македонски интернационални модели кои ја имаа таа среќа високо да се котираат на азискиот моден пазар. Немав нималку сомнеж за неа – вели Алек Наумовски, првиот човек на нејзината матична модна агенција Моделс Ин, за нејзините големи успеси
- Кога некој работи на себе константно и неуморно, успехот е неизбежен. Ѝ посакуваме одлична претстојна сезона, секој нејзин успех го сметаме за успех за агенцијата и воедно за земјата – додава Наумовски.
Распоредот и агендата на азискиот пазар на прекрасната Јована Нешова се потврдени, очекуваме да нè изненади со нови модни подвизи.
Јована Нешова во кинеското издание нa Vogue
Кампања за брендот FINELYCUP
Нема коментари