• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Тања Кокев: Од декорација за првиот роденден на ќерката до препознатлив моден бренд

Од stylist @StylistMKD · На април 7, 2016

Kokev Tanja
Со модниот перформанс Under the Tuscan Sun (Под Тосканското Сонце),  во режија на Дејан Пројковски,  креаторката Тања Кокев на 12 април ќе прослави 10 години од основање на својот бренд. На ревијата, што ќе се одржи на големата сцена на МНТ, ќе биде промовирана новата колекција за пролет-лето 2016, по што ќе следува „Мулен руж“-забава.

-Годинава славиме мал јубилеј – 10 години „Кокев“, кој ќе го почнеме најпрвин со ревија за новата Ready-to-wear колекција за пролет-лето 2016, инспирирана од убавата Тоскана. Инспирацијата не потекнува само од прекрасните зелени пространства на Тоскана, туку е една фина комбинација на природата со тамошниот урбан живот, кој е во нераскинлив врска со модата и со лежерниот дневен стил на Италијанките. Лесни и лелеави здолништа, со тесни, романтично секси горни делови. Станува збор за колекција повторно изработена од прородни матријали во најголем процент свила. Ревијата ќе се случува на големата сцена на МНТ, во режија на Дејан Пројковски, замислена како еден спектакл- перфоманс. Веднаш после ревијата продолжуваме на коктел забава во стилот на Moulin Rouge, со многу црвено и црно, пердуви и многу кич, карактеристичен за тој кабаре-стил – вели Тања Кокев.

kokev ss2016

Новата Ready-to-wear колекција за пролет-лето 2016, инспирирана од убавата Тоскана

Кокев,  која по вокација е историчар на уметност, пред да го изгради својот препознатлив моден бренд,  има стекнато искуство како новинарка во културна редакција и како менаџер на пет книжари. Вели дека во неа постојано тлеело чувството дека нешто ѝ недостасува,  па така, оставила времето да создаде услови за да го почне тоа што отсекогаш го сакала – модата.

-Се појави најголемата инспирација во мојот живот, се роди ќерка ми, и со нејзиниот прв роденден започна сè. Направив комплетен декоративен аранжман за нејзината прослава и сето тоа го изложив во една од книжарите кои ги менаџирав. За неполн месец бев преплавена од нарачки. За два месеци го отворив првиот салон за декорација за по една година да започнам и со креирање на венчални фустани и свечени тоалети. Приказната денес продолжува со креирање секојдневна облека, а од неодамна и чевли-вели Кокев.

kokev kreacija1

Првата колекција со секојдневна облека Кокев ја лансира за сезоната есен-зима 2015/16

Производството на секојдневна облека Кокев го започна со колекцијата есен-зима 2015/16, а продолжува со пролет-лето 2016. Паралелно почна и со дизајн на чевли.

-Користам речиси во целост природни материјали, најчесто свила. Од минатата година започнавме да работиме со ткаенините на „Валентино“ и „Армани“.  Материјалите за секојдневна облека ги набавувам од Италија, а за свечените тоалети и венчаници од Италија и Турција. Креирањето чевли е сосема различно од облека, работата е многу деликатна, каде вниманието максимално е концентрирано на деталите. Чевлите ги изработувам истотака во Италија, додека дизајнот е на „Кокев“. Има и своја заштитна пурпурна боја на ѓонот и комплетно се изработени од кожа-вели таа.

Сиве овие десет години без ничија поддршка сама ги качува позитивните вертикали, а рецептот за успех според неа претставува сериозен влог на многу емоции, иако секој чекор и одлука ги донесува интелигентно и со многу промилслување.

kokev kreacii

Брендот е препознатлив во свечените креации и венчаниците

-Изгледа успеав балансот да го најдам во мојава професија, не прифаќав компромиси се водев по инстикт, но потоа сериозно размислував за моите одлуки. Никогаш не сум правела статистики и детални анализи. Пред се бил мотивот, а после се останато. Работата е благодет, а кога го работиш тоа што го сакаш навистина си благословен. Затоа, посветеноста, трудот и амбицијата некако нормално ти стануваат секојдневие. Не знаеш да се однесуваш поинаку… освен да бидеш вреден и секој ден да сакаш да направиш нешто поубаво од претходниот.

Нејзини креации иминативе години носеа бројни познати јавни личности, како од уметничката, така и од дипломатската и политичката сцена. Заштитно лице на нејзиниот бренд е актерката Јелена Јованова, но во свечените тоалети често пати се појавуваат и актерките Драгана Костадиновска, Сашка Димитровска, Наташа Петровиќ, Лабина Митевска… Во нејзини креации подеднакво уживаат и дами од бизнис фелата, како Олга Костовска и од политичниот естаблишмент, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

 

jelena3

Заштитно лице на нејзиниот бренд и на првиот парфем е актерката Јелена Јованова

tanja kokev shoes esen 2015

Дизајнот на чевли е новиот предизвик на Кокев

kokev

Материјалите за секојдневна облека ги набавува од Италија

 

 

Under the Tuscan SunјубилејДејан ПројковскиКокевпролет-лето 2016ревијаТања Кокев
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

  • ana моден монитор

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

  • METGALA моден монитор

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics