Бројни дизајнери, уметници, урбани градски ликови, блогери и вљубеници во модата со средата се дружеа во и околу дизајнерското студио [Just Because.] по повод неговото проширување со нови модни имиња. Дизајнерката на накит Нина Симовска, која стои зад ова концептуално студио, отстапи простор зa продажба на неколку домашни брендови за облека и украси: брендовите за облека „Лудус“ , Chic Undercowear , Аcid wear girls, дизајнерката Ирина Тошева и етикетата за часовници Project Time… Креативниот простор, кој истовремено е и ателје на Симовска, функционира повеќе од една година. Таму се создаваат и продаваат нејзините ѓердани, обетки, масивни околувратници, детали за во домот, како и украсна амбалажа. Фото: Stylist.mk

Нина Симовска (десно) со својата сестра

Елена и Ана од „Скопје се носи“ беа меѓу гостите

Креации од Драган Христов (Лудус) ќе се продаваат во Just Because

Нина со својата колешка, дизајнерка на накит, Моника Лозановска

Креации од колекциите на Ирина Тошева (десно) отсега ќе може да се најдат и во Just Because

Блогерката Мартина Неделковска

Ива и Сандра од Skopje casuаl, редовно ги проследуваат дизајнерските настани

Настанот го посетија бројни љубители на модата
Нема коментари