Кафтанот како дел од гардеробата секогаш важел за гламурозно парче, но не и пред да започне да се појавува на модните писти како дел од „couture“ колекцијата на Кристијан Диор во педесеттите години. Истиот период модната револуција на кафтани ја продолжуваат и Ив Сен Лоран, Кристобал Баленсијага и Ибер де Живанши, создавајќи ги нивните трапезоидни форми и туниката, од кои произлезе и широкиот и комфорен фустан познат како кафтан.
Денеска скоро и да не постои жена која не е љубител на кафтан – удобноста, материјалите и различните дезени се препознатлив знак за ова парче облека. Љубителите на хипи стилот често носат кафтани, но и оние кои го сакаат етно стилот.
Назад пак во 60-тите години кафтанот бил омилено парче на најгламурозните жени вклучувајќи ги Џеки Кенеди, нејзината сестра Ли и Елизабет Тејлор.
Но, како и во минатото и денеска на холивудскиот „црвен килим“ често гледаме ѕвезди како Џенифер Лопез, близначките Олсен, Натали Портман и многу други во кафтани од префинети материјали.
Земајќи го предвид залетот во модната индустрија што кафтанот го има, како и неговата безвременска популарност секоја летна сезона, РУМОР ШОП има изненадување за сите!
Денеска од 18 – 22 часот во Румор Скопје и Охрид, ќе бидат изложени најубавите кафтани од сите досегашни архиви на брендот, изработени од чиста свила. Истите се во ограничен број и принт.
Ве очекуваме на веќе познатата локација во Скопје и Охрид за да го одберете најдоброто од РУМОР!
Нема коментари