Иако за многумина тие се едни од најгрдите обувки, мора да се признае дека истовремено се и најудобните за студените есенски и зимски денови. Меките чизми направени од овчо крзно, популарно наречени UGG, влегоа во уличната и секојдневната мода пред десетина години, иако во некои кругови беа застапени во 90-тите. Историски гледано, формата што ја знаеме сега почнала да се произведува во 60-тите и 70-тите години во Австралија и Нов Зеланд, а биле носени најчесто од сурфери….
UGG-чизмите ќе се носат и оваа есен-зима, со подебел, квалитетен ѓон и со видоизменет дизајн, припиени за ногата или до глужд. Тие се омилени на познатите модели, актерки и ТВ-лица иповеќе години носени од влијателните трендсетерки како Алекса Чанг. Најчесто ги комбинираат со фармерки, хеланки, и со кежуал комбинации. Но може да се направат интересни есенски и зимски стајлинзи и во поелегантна па и свечена варијата, за храбри девојки, кои не се обврзани со дрескод да носат високи потпеици. Ви нудиме некои идеи како да ги носите своите ugg-чизми оваа сезона.
Нема коментари