Стотици трендови доаѓаат и си одат, се појавуваат безброј шари и тренд бои, ама црната и црните панталонити се вечна модна класика. Погодни се за секоја пригода, а кога ќе помислиме дека сме ги испробале сите можни комбинации, модните трендсетери ќе ни прикажарт некоја нова идеја за стајлинг.
TOTAL BLACK
Комплетно црниот изглед е најсестраниот начин за комбинирање на црните панталони. Никогаш не излегува од мода и дозволува да си играте со облеката. Со кошула заврзана во чвор, црни бермуди со ролка за откачен зимски стил или ленени парчиња за лежерен есенски изглед.
СО ПРЕДИМЕНЗИНИРАНИ САКО
Во оваа 2019 година секоја помодарка поседува барем едно сако со нагласен широк крој. Ова парче, кое како да е украдено од машкиот гардеробер, ја дефинираше уличната мода за време на модните недели во последниве сезони, а доста складно изгледа со црни панталони.
СО РОКЕРСКА И МАИЧКА СО ПРИНТ
Милениумците ја обожаваат оваа комбинација, а во игра се маиците со лого и некој впечатлив дизајн, избледените во гранџ-стил и оние со некој рокерски бенд. Одговараат и со тесни и со широки панталони, а едната можност е наместо црни панталони – црни фармерки.
ЦРНИ ПАНТАЛОНИ + ФЛУОРЕСЕНТНО
Флуоресцентните нијанси се тренд на Инстаграм, а ако веќе се осмелите да носите дречлива облека, нема подобар спој од дречливо жолта или зелена ролка со црни панталони.
ЕДНОСТАВНА КОМБИНАЦИЈА СО ЦРНИ ПАНТАЛОНИ + ВПЕЧАТЛИВИ ДЕТАЛИ
Ако веќе изберете класични панталони и ги споите со базични парчиња како обична маица или мантил, тогаш модните додатоци нека ја водат главната улога во комбинацијата – тоа може да бидат шарена марама, црвени чевли, впечатлива чанта. Плус, ова значи дека не мора секоја сезона да трошите многу пари за нова трендовска облека, туку инвестирајте во класични парчиња и само надоградувајте со нови додатоци.
ВО МИКС СО ЖИВОТИНСКИ ПРИНТ
Ова е најсекси опција – леопадова кошула или палтенце со некој впечатлив животински принт, многу добро стои со црни панталони.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари