• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
сам свој стилист 0

Миди здолниште – како да го комбинирате парчето облека на сезоната

Од stylist @StylistMKD · На јануари 28, 2016

1 Големите модни куќи и брендовите што продаваат достапна мода се согласија дека миди здолништето е тенденција и парче на сезоната, а според стилистите овој крој одговора скоро на секоја градба на тело, на пример, многу подобро ѝ ласка на силуетата во однос на молив-здолништето. Постојат повеќе начини како се комбинира миди здолниште, со базичен или краток горен дел, со класични салонки или ниски чевли, но највпечатливи се granny look комбинациите со светкаво здолниште од лурекс, декоративен џемпер и со мокасини или окфорд чевли. Следниве тенденции беа забележани на модните писти, на разни настани и на фотографите на улична мода, а може да ви послужат како пример. 2

Миди + долг џемпер

Нов начин како да го носите овој вид на здолниште. „Валентино“ предложи комбинации од деликатни дизајни на здолниште и покрут и долг џемпер со кој целиот аутфит полесно се доближува до уличната мода. Британската пејачка Фло Мориси го одбележа овој изглед со набрано здолниште во поинтензивна боја и чевли од „Гучи“ со поспортски дуксер, а комбинации со подолга блуза има и кај Мајкл Корс, „Макс Мара“ и „Селин“. 3

Миди + краток топ

Често видена варијанта, но не е за секого. Ако горниот дел е кратот и открива дел од стомакот, тогаш се препорачува за оние со повита става, останатите нека бираат џемпер или блуза која во долниот дел завршува на иста висина каде што почнува здолништето. Доколку блузата е потенка може да се носи пикната во здолништето. 4

Миди + романтична кошула

Кошулата во своите повеќе верзии е уште едно парче на сезоната, особено оние романтичните со панделка околу вратот како во колекцијата на „Гучи“ и на „Зара“, а совршено се комбинираат со подолги здолништа и имаат ретро призвук. 5

Миди + специјален топ

Одлично стои и со горен дел од тантела, топ со тенки прерамки, блуза во стилот на 70-тите, топ со нежни набори, а зависно од обувките што ќе се комбинираат, на пример, трендовски бели патики или окфорд чевли, стајлингот може да биде за секој ден или за специјални пригоди. 6

Миди + едноставна црна блуза

За оние што не се поготвени за моден ризик и нападни комбинациии, изборот е микс со обична црна блуза и со црни салонки или чизми до глужд. 7

А што да облечете одозгора?

Едно од честите прашања е со каков вид палто да комбинирате подолго здолниште. Дали миди должина на здолниште одговора со миди должина на капут? Стилистите предлагаат да бирате капут со должина слична на здолништето, или неколку сантиметри пократок од здолништето. Или пак некоја пкратка и структурирана јакна.

есен-зима 2015/16миди-здолништестилистички советТренд
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 сам свој стилист

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

  • denim сам свој стилист

    Пролетни комбинации со тексас-ткаенина

  • 1 сам свој стилист

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Пролетен минимализам

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics