Големите модни куќи и брендовите што продаваат достапна мода се согласија дека миди здолништето е тенденција и парче на сезоната, а според стилистите овој крој одговора скоро на секоја градба на тело, на пример, многу подобро ѝ ласка на силуетата во однос на молив-здолништето. Постојат повеќе начини како се комбинира миди здолниште, со базичен или краток горен дел, со класични салонки или ниски чевли, но највпечатливи се granny look комбинациите со светкаво здолниште од лурекс, декоративен џемпер и со мокасини или окфорд чевли. Следниве тенденции беа забележани на модните писти, на разни настани и на фотографите на улична мода, а може да ви послужат како пример.
Миди + долг џемпер
Нов начин како да го носите овој вид на здолниште. „Валентино“ предложи комбинации од деликатни дизајни на здолниште и покрут и долг џемпер со кој целиот аутфит полесно се доближува до уличната мода. Британската пејачка Фло Мориси го одбележа овој изглед со набрано здолниште во поинтензивна боја и чевли од „Гучи“ со поспортски дуксер, а комбинации со подолга блуза има и кај Мајкл Корс, „Макс Мара“ и „Селин“.
Миди + краток топ
Често видена варијанта, но не е за секого. Ако горниот дел е кратот и открива дел од стомакот, тогаш се препорачува за оние со повита става, останатите нека бираат џемпер или блуза која во долниот дел завршува на иста висина каде што почнува здолништето. Доколку блузата е потенка може да се носи пикната во здолништето.
Миди + романтична кошула
Кошулата во своите повеќе верзии е уште едно парче на сезоната, особено оние романтичните со панделка околу вратот како во колекцијата на „Гучи“ и на „Зара“, а совршено се комбинираат со подолги здолништа и имаат ретро призвук.
Миди + специјален топ
Одлично стои и со горен дел од тантела, топ со тенки прерамки, блуза во стилот на 70-тите, топ со нежни набори, а зависно од обувките што ќе се комбинираат, на пример, трендовски бели патики или окфорд чевли, стајлингот може да биде за секој ден или за специјални пригоди.
Миди + едноставна црна блуза
За оние што не се поготвени за моден ризик и нападни комбинациии, изборот е микс со обична црна блуза и со црни салонки или чизми до глужд.
А што да облечете одозгора?
Едно од честите прашања е со каков вид палто да комбинирате подолго здолниште. Дали миди должина на здолниште одговора со миди должина на капут? Стилистите предлагаат да бирате капут со должина слична на здолништето, или неколку сантиметри пократок од здолништето. Или пак некоја пкратка и структурирана јакна.
Нема коментари