При изборот на облека за в лето, без разлика дали е за на работа, за кежуал настани, за свечености или пак за на плажа, важно е тие да се од лесен и мек материјал, и да бидат со удобен крој. Носење на помалку парчиња облека или избегнување на повеќеслојно комбинирање исто така ќе ви озможи поголема комоција на плус 30 и плус 40 степени. Затоа изберете модел кој истовремено ќе ве покрие, но и ќе му даде шанса на телото да „дише“. Меѓу моделите што се иделани за летен деловен изглед е кошулата-фустан во кој истовремено ќе се чувствувате удобно, а ќе бидете елегантни, соодветно да дрескодот. Не станува збор за нова идеја, ниту за креација која е врзана само за еден тренд . Ова е модел кој го купувате еднаш и го носите повеќе лета, а често и во другите сезони, како дел од посложен стајлинг. Оваа година најмногу се носат стилизирани варијанти за стандардната машка бело-сина копула, дополнети со соодветен колан. Актуелни се моделите со карнери и со отвори кај рамото, а може да изберете со нагласени, ѕвонесто ракави или со драматични набори. Освен тие со пруги, од шарите може да ги земете предвид тие со точки и со ситни коцки или т.н. гингам принт. Доминираат белите и светлосините, како и роозвите и темносините модели. Кошулата-фустан може да се носи и како замена за, во моментов доста актуелните, кимона. Па така може да ја носите врз фармерки, бели маички со принт, или со недноставно фустанче. комбинирајте и со трансапрентно здолниште или миди модел со плисе, а може и со килот илитричетврт панталони. Можете врз нив да облечете елек без ракави, илипак да врзете кошула или тенка џинс јакна на половина. Трендсетерките ги обожаваат кошулите со нагласен болумен, кои ги носат како носечко бохо парче ова лето. Добрата страна на овие модели е што подеднакво добро стојат и со високи потпетици и со балетанки, патики, сандали, апостолки и влечки. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари