• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
сам свој стилист 0

Дами во машки чифт фармерки

Од stylist @StylistMKD · На јануари 21, 2014

Широките фармерки, со крој позајмен од машката мода, изминатите неколку сезони имаат голема практична примена во секојдневниот изглед на дамите. Брзо се пробија благодарение на блогерките и трендсетерките на уличната мода. Момчешките модели на џинс се носат со подвиткани ногавици. Некои се со поголем волумен, а други нешто потесни, најчесто со класична сина нијанса. Доста се популарни исечените и пумпарица-модел.  Најчесто се носат во комбинација со посвечени модели за да се направи баланс меѓу боемскиот и бунтовнички изглед што го даваат овие модели, од една страна, и потребата од женственост и урбан секојдневен изглед, од друга страна. Па така доста е популарно комбинирањето со високи потпетици, со полуксузен  топ, палто, кошула или со спортска блуза комбинирана со раскошен ѓердан.

 

Природна поврзност со блузоните

Блузоните и ќебе-блузите со нагласен волумен, кои се голем хит во уличната мода, одлично се вклопуваат во лежерниот спортско-елегентен имиџ што го носат фармерките. Ова е една од најбазичните и најприродни комбинации.  Особено хит се брендираните блузони на куќи како „Кензо“, „Зара“ или „Живанши“. Моделите со принтови или со апликација што се повторува исто така спонтано убаво се вклопува во овој имиџ. Може да ги носите со високи потпетици или со војнички чизми.

 

Бунди и животински принт

Фармерките во комбинацоја со едноставни бела маица, сива тренерка или тексас кошула нема да игледа обично ако ги комбинирате со пердувесто палто или бунда со крзно во боја. Во обзир доаѓаат и капутите со животински принт (тигар, леопард, зебра), секако внимавајте тие да бидат од вештачки крзна. Нема да претерате ако носите свечени чевли или накит.

 

Кожна јакна

Кожната јакна е едно од парчињата што станува задолжителни во женскиот ормар, oд проста причина што е безбедна и одлична комбинација за сите пригоди. Џинсот и кожата се носечки материјали во било која комбинација, поединечно, но во обој спој, фармерки и јакна воопшто не е премногу,  туку тие одлично се надополнуваат. Може да ги комбинирате со морнарска маица, со различен спој на бои (бела и црна, темносина и црвена…). Во игра се и обичните бели развлечени маици за вежбање, а во зимскиот период џемпер во ралични должини.   Од додатоците можете да изберете некој качкет, шешир, или шал.

 

Бизнис палто

Строгите,  бизнис-парчиња во комбинација со фармерките ја губат крутоста и достанцираноста, па стануваат модел како скроен за овие комбинации, осбено ако ги комбинирате со полежени кошули, еднобојни маици,  модели со принт или блузи со пруги. Иако ова не  е спој  со кој може да се појавите на бизнис состанок, но е варијанта за вечекни изгегувања, дневна неформална средба или можеби варијанта за бизнис-патување. Комбинирајте со кожен ремен, долг сет од ѓердани или шалчиња и чарени марами.

 

Капут и мантил

Кога веќе ги прелиставме и испобавме сите комбинации на момчешките фармерки со сите видови на палта, редно е да се поврзат и со мантилите и капутите, кои можеби и не се  практикуваат толку често, но се носива варијанта особено во постудените и дождливи денови. Нема да згрешите ако изберете некој шешир и марама , за комбинација, а на нозете секогаш добро стојат чимзи со виски потпетици. Во овој спој избегете долги маици и масивни блузи. Горниот дел нека биде поедноставен.

 

Високи потпетици

Доколку досега не сте пробале да искомбинирате чевли со  високи потпетици широки или износени фармерки со благо подвиткани ногавици, ви препорачуваме да го направите тоа на првата прилика за неформална дружба или излегување на пијачка со пријателите. Ќе се изненадите колку е ефективен овој спој. Ова парче облека (фармерките) одговараат буквално со сите високи потпетици што ги има во вашиот шкаф за чевли. Без разлика дали станува збор за кожни модели, за лакирани, платнени, со ремени ли отворени модели.  Иако овие фармерки визуелно ја намалуваат ногата со вискоите потпетици вашите нозе ќе изгегаат подолги и посекси.

 

Чизми
Во подвитканите фармерки подобро одговараат пократки чизми и модели со висока потпетица. Ставете ги под ногавиците и не гружете се дали ќе се изместат, таа негрижа и опутеност им даваат поголем шарм.

 

Ниски обувки

За тие што не се фанови на високите потпетици има широк избор на ниски чевли: балетанки, патики,оксфордки….Ниските обувки одлично најдобро се комбинираат со кратки јакни, палтенца до половина и спортски варијанти.(А.Н.)

балетанкиблогериблузонивисоки потпетиципатикиТрендулична модафармеркичизми
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 сам свој стилист

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

  • 1 сам свој стилист

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

  • denim сам свој стилист

    Пролетни комбинации со тексас-ткаенина

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics