Под кошула, палто, фустан на прерамки, џемпер, во црна, бела или пастелна боја, со џинс, карирано или кадифе, ролката оваа сезона е едно од носечките модели во комбинациите на инфлуенсерките. Моделот кој направи камбек во уличата мода минатата година, сега е дел од есенските колекции речиси на сите high street брендови. Најчесто може да се најде на полиците за базични модели, но неретко е на излозите поставено како носечки горен дел од трендовските комбинации.
Стана клучен модел во повеќеслојното комбинирање во студените есенски и зимски денови. Се носи во разлини стајлизи за сите пригоди во текот на денот. Почнувајќи од бизнис варијанти, под костум или тиролка, преку кежуал комбинации, со фармерки, под џинс јакна, со кошула со волумен или како трето парче, под спој од неколку други модели. Често се среќава и во вечерните аутфити, со фустан и посвечена маичка по прерамки.
По цена од 400 до 120 денари достапно е и во нашите продавници за секојдневна облека. Ролката може да ја носите со омилените есенски модели, но и со дел од летната облека. Ќе се изненадите колку од летните креации ќе добијат нов живот и продолжено сезонско користење благодарение на топлата основа како ролката. Сепак, внимавајте на спојот на нијанси и текстури.
Плетените ролки, или масивните ролка-џемпери во впечатлива боја или во неутрални есенски нијанси се еден од главните трендови оваа есен-зима сезона. Најчесто се комбинираат со фармерки, џинс здолниште, со ПВЦ хеланки или пак со карирани здоништа или килотки. Интересно е што дури и кога станува збор за дебела плетена ролка, таа се уште е флексибилна и лесна за комбинирање под разни модели – кошули, палта, наметки… Направивем избор со интересни предлози како да носите ролка овој студен ноември.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари