• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
здрав живот 0

Како да се забрза метаболизмот со промена на навиките

Од stylist @StylistMKD · На јуни 9, 2020

probiotic-food-concept-bowl-homemade-coconut-yogurt-with-granola-fruits-healthy-vegan-food-tasty-healthy-breakfast_118925-2228

Здравите навики кои го поттикнуваат метаболизмот претставуваат златни правила за продуктивните процеси што се случуваат во организмот. Покрај подобрувањето на метаболизмот, ваквите навики предизвикуваат да се чувствувате поопуштено, поубаво, посвежо и поодморено. Метаболизмот значително може да се подобри следејќи неколку совети и менување на дневните рутини во исхраната.

#1 Не го занемарувајте ноќниот сон

Спиењето е неопходно за нормално функционирање на организмот, и не смее да се игнорира не само за нормален метаболизам туку и за сите психо-физички процеси. Заменувањето на ноќниот одмор со дневна дремка го нарушува нормалниот 24-часовен ритам и воопшто биоритамот на телото. Одличен пример за тоа колку е важно ноќното спиење за добар метаболизам се патувањата, за време на кои, заради долгите летови и промените во временските зони, се губи квалитетниот ноќен сон, па заморот и исцрпеноста се неизбежни. Доколку, покрај тоа, следат нездрави оброци, кои се консумираат од ден на ден, организмот дефинитивно ќе реагира.

#2 Регулирање на исхраната со повеќе мали оброци

Балансираната исхрана е еден од најважните фактори за регулирање на метаболизмот. На метаболичките процеси, т.е. анаболизам и катаболизам, потребна им е енергија што организмот ја добива преку храната. Во недостаток на храна, овие процеси претходно добиените калории ги складираат, за телото да има „гориво“ и на овој начин, се создаваат несаканите вишок маснотии.

Затоа, потребно е во дневниот распоред, да се воведат помеѓу 4 и 6 помали, правилно распределени оброци што ќе дадат чувство на ситост, и ќе го активираат метаболизмот со нова енергија од храната. Важно е овие оброци да бидат богати со протеини кои во голема мера придонесуваат за чувството на ситост и да се регулира внесот на јаглени хидрати, кои не се забранети, но бараат големо ограничување во однос на внесената количина.

Најобилен оброк треба да биде појадокот, кој никогаш не треба да се прескокнува затоа што ги обезбедува „батериите“ потребни за целиот ден, и уште калориите најмногу се трошат наутро. Важно е во тој главен оброк да се вклучи Баланс + јогурт, кој со своите својства значително придонесува за нормализирање на метаболизмот доколку се консумира дневно.

#3 Физичката активност е предуслов за брз метаболизам

Без физичка активност не може да се забрза метаболизмот. Физичката активност е одличен стимул за слабеење и за забрзување на метаболизмот и има ефекти само доколку е редовна, а придружена со строга контрола на квалитетната исхрана. Четири часа неделно за квалитетен тренинг, џогирање или пливање, примена на совети во врска со исхраната и доволно сон, ќе ја предизвикаат саканата промена.

#4 Поттикнете го забрзувањето на метаболизмот со вода

Водата е од големо значење за секој телесен процес и може да се каже дека е иницијатор на многу од нив. Без доволно вода дневно, телото станува побавно, а тоа се рефлектира во намаленото согорување на калории за дури 2% во споредба со нормалните услови. А некои студии покажуваат дека еден литар вода го забрзува метаболизмот за 10 до 30 проценти во следниот час. Покрај тоа што влијае на метаболизмот, водата е одлична и за кожата како и за општата психофизичка здравствена состојба.

#5 Не го нарушувајте брзиот метаболизам со стрес

Стресот е причина за многу болести, а меѓу другото, доведува до забавување на метаболизмот. Иако стресот е речиси невозможно да се избегне, важно е да го одржувате на минимум, и да правите неколку работи што ве опуштаат и смируваат. Слушање музика, тренинг, масажи, некое хоби, сето тоа помага за релаксирање.

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 здрав живот

    Витаминска бомба од 17 состојки

  • Strawberry Chia Pudding здрав живот

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

  • 3 (3) здрав живот

    Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics