Последните сезони во модниот свет доминира лежерноста и удобноста, а фармерките се едно од оние модни парчиња што обезбедува кежуал изглед и што се носат скоро постојано и во различни пригоди. Ги има во повеќе стилови и кроеви, ама искинитатите, распарталени фармерки некое време се голем хит. Даваат младешка нота на личниот стил, изгледаат бунтовнички, ама и тренди, а еве како може сами да ги раскинете, распарталите и направите модерни вашите фармерки. Погледнете ги овие видеа и подгответе се за моден предизвик во кој сами ќе направите модерна варијанта на еден пар фармерки, за што во основа потребни ви се ножици и пинцета, и еден брич доколку дополнително сакате да постигнете износен и избледен изглед.
Обележете ги деловите од фармерките што сакате да ги распарталите, пресечете две или повеќе линии (помали и поголеми пресеци) на тие места. Потоа земете пинцета и внимателно извлекувајте ги сините конци помеѓу пресеците, така што треба да останат само белите.
Ова видео открива 4 начини како да ги трансформирате фармерките
Едно од најгледаните видео туторијал за distressed фармерки
Нема коментари