После прикажувањето на пролетната колекција висока мода на „Диор“ во Париз во јануари, креативната директора на модната куќа Марија Грација Кјури деновиве ја претстави и во Шангај дополнета со нови haute couture парчиња. Во чест на гостување во Кина таа креира капсулна колекција во црвена боја, која исто така е и „бојата што Кристијан Диор многу ја сакаше“. „Црвената може да се пронајде и во лакованите предмети, што автоматски евоцира на безвременската атмосфера на империјална Кина“, вели Кјури за делот од колекцијата инспириран од Кина.
Внимание привлекоа и лелеавите розови креации, меѓу кои се издвои овој деликатен фустан со каскади од плисе и на кој е извезено името на основачот на куќата Кристијан Диор, а за чија рачна изработка и коплексен процес објаснуваат мајсторите на висока мода во ателјето на „Диор“.
Еве видео од целата ревија на „Диор“ во Шангај:
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари