• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
здрав живот 0

Како треба да изгледа пирамидата на здрава исхрана

Од stylist @StylistMKD · На јануари 28, 2022

Juni-1-956x1024

Одговорот на прашањето што е здрава исхрана се крие во пирамидата на исхрана, каде сликовито е објаснето што подразбира правилната исхрана. Во неа се претставени видовите храна чие консумирање е пожелно, потребната количината, периодот кога и на кој начин. Пирамидата за исхрана е позната и како нутриционистичка пирамида, бидејќи со нејзината структура и градација се сложуваат нутриционистите ширум светот, кои плановите за исхрана за пациентите ги прават врз основа на пирамидата за исхрана, во комбинација со индивидуалните карактеристики на секој поединец.

Пирамидата за правилна исхрана се состои од 4 основни групи храна: јаглехидрати и житарки, зеленчук и овошје, протеини и како четврта група масти. На дното на пирамидата, во најширокиот дел е храната којашто е најважниот дел од пирамидата и вклучува ориз, компири, интегрален леб и тестенини. Сите овие намирници се важен извор на јаглехидрати, но треба да се напомене дека се работи за сложени јаглехидрати кои побавно се разградуваат на едноставни шеќери, поради што останувате сити подолго. Станува збор за многу важен извор на енергија за човечкото тело, со многу мала содржина масти и голема количина витамини, минерали, влакна и ароматични растителни состојки.

Како втор најголем дел од исхраната е овошјето и зеленчукот. Нивната примарна улога е да го снабдат телото со сите потребни витамини и минерали, поради што тие треба да сочинуваат голем дел од исхраната. Препорачливо е да се консумираат до 3 порции свежо овошје дневно, самостојно или во комбинација, на пример со јогурт, така што внесот на витамини и минерали е и повкусен и позабавен. Важно е да се јаде свежо, сезонско овошје и зеленчук, како и јаткасти плодови, како бадеми, ореви и лешници.

Месото, рибата, јајцата и сирењето се полни со протеини, а се важни бидејќи обезбедуваат градење и обновување на клетките во телото. Овие намирници се богати со калциум, витамин Д и витамини од групата Б. Протеини се внесуваат и од растително потекло, а она што се нагласува во однос на исхраната и корисноста за организмот се млечните производи. Јогуртот и млекото се исклучително богати со калциум, што е главната придобивка за здравјето на коските и забите. Докажано е дека клинички тестираниот функционален јогурт Баланс+ со пробиотикот што го содржи подобрува многу процеси во организмот, поради што се препорачува да се консумираат по 500 г од овој јогурт дневно. Тоа не може да се каже и за месото, се препорачува не повеќе од 600 грама неделно, додека рибата треба да се јаде само два пати неделно.

На самиот врв на пирамидата, во најтесниот дел, има храна со многу маснотии. Иако треба да се избегнува прекумерно внесување масти, сепак одредена количина масти е неопходна за човек да функционира нормално, особено кога станува збор за некои функции на срцето и мозокот. Важното е да се изберат здрави, наместо нездрави заситени масти.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 здрав живот

    Витаминска бомба од 17 состојки

  • Strawberry Chia Pudding здрав живот

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

  • 3 (3) здрав живот

    Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics