Во моментот кога шведската актерка Анита Екберг влезе во Фонтаната Треви во сцена од Фелиниевиот „Долче вита“, таа стана филмска икона. Поранешната Мис на Шведска почина викендов на 83-годишна возраст по серија на болести. Во текот на својата кариера настапуваше во повеќе филмови, но ќе остане препознатлива по работата со Фелини токму во „Долче вита“. Анита се запозна со режисерот во Рим и тој во 1960 година ѝ ја додели улогата на Силвија Ренк, „најубавата жена создадена од почетокот на времето“, актерка која е постојано гонета од папараци фотографи. Сцената во која Анита влегува во познатата римска фонтана во која подоцна ѝ се придружува Марчело Мастојани во улогата на папарацо важи за една од најубавите и најеротичните во филмската историја.
Нема коментари