Македонската манекенка Елена Трајановска продолжува да реди успеси на модната сцена во Јапонија каде што беше активна претходните месеци како модел на агенцијата Image Models. На својот Инстаграм профил Елена деновиве објави уште еден ангажман – насловна страница на јапонскиот број Dazzle за јуни 2015, со што го збогати портфолиото составено од фотосесии, насловни и модни ревии за азискиот пазар.
Нема коментари