Британската пејачка и актуелна девојка на Роберт Патинсон вчера се појави на церемонија на која беа откриени номинациите за музичките награди Brit Awards и од одушеви со модниот избор. Таа е нова музичка миленичка, ама се наметнува и како идна модна икона. Вчера FKA twigs носеше впечатлива комбинација од црн капут/фустан од ткаенина прекриена со тантела со масивен накит инспириран од африканските племиња и необично исцртано лице во ацтешки стил. Пејачката чие право име е Талиа Дебрет Барнет музички може да се дефинира како микс на трипхоп, џез, амбиент и аренби, а стилски како уникатен микс од африкански, мексикански и ацтешки референци вметнати во смели и современи модни стилови.
Нема коментари