Една од најомилените супермоделки во модниот свет, четириесет и пет годишната Кристи Тарлингтон е лицето од насловната на петтиот број на магазинот Porter, публикација на онлајн-продавницата Net-a-Porter. Во изданието за сезоната зима 2014 Кристи позира за насловната во стајлинг кој потсетува на 80-тите години, главниот моден едиторијал е направен во црно-бела техника, а го потпишуваат фотографското дуо Инез и Матадин.
Нема коментари