Јапонското издание на Vogue секогаш „брза“ пред другите верзии на славното списание и веќе го најавува септемврискиот број. А во него Линда Евангелиста како модел од првата страница. Супермоделката е фотографирана во драматичен стајлинг од црна волуменозна креации, има мрежа преку лицето, а се наѕира нејзината платинета коса. Можеби ви се чини дека е рано за промовирање на есенски броеви, но поголем дел од модните едиторијали ионака се снимаат неколку месеци пред нивното објавување, а позначајните модни публикации веќе од јули почнуваат со анализа на есенските трендови.
Нема коментари