Пред една година модниот свет го доби Porter, принт магазин кој произлезе од Натали Масенет и нејзината онлајн империја Net-a-Porter, замислен да излегува четири пати во годината, за модните сезони пролет, лето, есен и зима. Со новиот број со Наталија Водјанова на насловната страница Porter го одбележува јубилејот од една година, мал, но значаен, бидејќи со својата содржина и квалитет се доближува до познатиот моден магазин Vogue. Фотографирана од Рајан Мекгинли, Наталија позира покрај гранки цветови облечена во модел од „Валентино“ за пролет-лето 2015, а во петтиот број на Porter може да се најдат прилози со Жизел Бундшен, Лара Стоун, Ања Рубик и Лејди Гага, кои што ги красеа насловните на првите четири броја.
Нема коментари