Париската модна куќа „Ланвин“ ја продолжува семејната тема во своите рекламни кампањи и во новата наменета за пролет-лето 2015, ангажирајќи неколку мајки поранешни манекенки со своите ќерки кои позираат во креациите за следната сезона. Инспирирани од историското лого на мајка и ќерка, модната куќа која лани прослави 125-годишен јубилеј, сега ги повика неколку манекенки од постарите генереации како Пет Кливленд, Кристен Овен и Виолета Санчез да се фотогрфаираат заедно со своите ќерки Ана, Били Роуз и Луз. „Ми се допаѓа што кампањата не се состои само од слики, туку има и приказна. Секогаш кога правиме семејна фотосесија имам чувство дека ги посетуваме во нивното место. Ние сме посетители“, смета Албер Елбаз, креативниот директор на „Ланвин“. Кампањата ја фотографираше генијалниот Тим Вокер.
Нема коментари