Деновиве актерката и дизајнерката Сара Џесика Паркер ги возбуди фановите на „Сексот и градот“ со неколку фотографии и мистериозна најава на „Инстаграм“, па сите си помислија дека ќе се снима третиот филм од серијалот. Но, се работи само са снимање едиторијал во излогот и пред влезот на познатата њујоршка стоковна куќа Bloomingdale’s со кој ќе промовира новата колекција на чевли на етикетата SJP што таа ја развива заедно со Џорџ Малкемус. Новите 29 модели на обувки со потпис на Сара Џесика од следниот месец ќе се продаваат во Bloomingdale’s.
Сара Џесика Паркер на снимањето на фотосесија за новата колекција чевли на нејзиниот бренд SJP
Нема коментари