Бидете свои, секогаш и без разлика на сè, секој е совршен на свој начин и изразете го својот личен стил на уникатен начин е идејата зад новата #ExpressYourStyle кампања за сезоната пролет-лето 2018 на италијанскиот бренд Liu Jo. Нагласувајќи ја уникатноста и индивидуалноста на секоја жена, брендот покажува дека колекцијата е повеќе од мода, таа е и начин како да се изразите себеси. Преку #ExpressYourStyle кампањата Liu Jo ги повикува жените кои не сакаат само да ја следат модата, туку да ѝ дадат личен печат и да ја носат на свој начин. После кампањата #StrongTogether, брендот продолжува да пружа поддршка на жените и да ја поттикнува нивната еманципириност и во новата кампања, а инспирирани од уникатноста на секоја жена Liu Jo креира колекција која е совршен начин да се изразите себеси.
Во новата модна приказна Liu Jo повика три жени ѕвезди во кампањата, различни и посебни, кои пред објективот зборуваат за себе и својот стил – српската манекенка Антонина Петковиќ која неколку години гради успешна интернационална кариера, Џулија Рестоан Ројтфелд, модел, дизајнерка и уметница со елегантен стил, ќерка на позната модна уредничка Карин Ројтфелд, и Кандела Пелици, инфлуенсерка и модна икона. Сите три се различни и со различни животни приказни, со личен и експресивен стил, кои сами ги обрале комбинациите за кампањата, спојувајќи го уште еднаш концептот за баланс помеѓу изгледот и содржината.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари