Враќање кон класичните кроеви, ретро парчиња, едноставност и лежерност во комбинирањето се главните трендови што шпанскиот моден бренд „Манго“ ги предлага за момчињата и мажите за претстојната сезона. Деновиве ја претстави кампањата снимена во Мајами, чиј амбиент одлично ја доловува кежуал и ретро тенденцијата на етикетата за пролет-лето 2017. На каталогот рабореа фотографот Матео Монтанари и моделите Кит Батлер, Адријан Сахорс и Метју Холт. Претставени се клучните парчиња од линијата: кафени платнени јакни, сиви и темносини мантили, палта со два реда копчиња, крем шорцеви и панталони, кафен модел со висок стук, како и кошули со пруги. За летните денови понудени се џинс-шорцеви и кошули со цветен дезен.
Нема коментари