Колекцијата на модната куќа „Живанши“ за есен-зима 2016/17 за која дизајнерот Рикардо Тиши најде инспирација во египетската иконографија, доби и своја промотивна кампања во која се појавуваат повеќе манекени, меѓу кои и топмоделите Маријакарла Босконо, Лили Олдриџ, Џулија Нобис, Бела Хадид и Ирина Шајк. Фотографиите се направени на улиците на Њујорк пред ојективот на тандемот Мерт и Маркус, а стајлингот е на Карин Ројтфелд. „Често може да видиме девојки кои комбинираат улична мода со чанти од „Живанши“, или од „Шанел“. Оваа кампања покажува дека следам што се случува во реалноста“, вели Тиши за концептот на кампањата кој го покажува преминот од модна писта на улица.
Нема коментари