Трите протагонистки на новата кампања на шпанскиот бренд Zara, Малгосија Бела, Јасмин Варсаме и Кристина де Конинк, сите над 40-годишна возраст, ја слават жената од секое доба и ги рушат ограничувањата дека само млади девојки може да рекламираат мода. Фокусот на кампањата Timeless се убавината на зрелото доба и безвременските модни парчиња.
Timeless е токму за безвременските парчиња што содржат елеганција, класика и префинетост што може да се носат повеќе сезони и да се комбинираат на различни начини – капути, деловни панталони, мантили, сакоа, џемпери од кашмир, свилени фустани, фармерки со класичен крој.
Манекенката Малгосија Бела има 40 години и открива дека на оваа возраст се чувствува подобро и пзадолнолно отколку пред 10 или 20 години. Истакнува дека ментално се подобрува со годините.
Кристина де Конинк има 53 години и својот моден интерес го пронаоѓа во филмовите и костимографијата.
Јасмин Варсаме има 41 година и за неа патувањата ѝ значат сè. Смета дека запознавањето на нови луѓе, култури и ситуации е најдобар начин за развојот на една личност.
Нема коментари