Брендот Diesel во новата кампања за пролет-лето 2016 направи интересен коментар на сеприсутната дигитална култура на онлајн живееење, контатнтаната употреба на социјалните мрежи од Facebook до Tinder, и комуницирањето преку емоџи и пораки со хаштаг.
-Нашите светови, онлајн и офлајн, се комплетно испреплетени. Дигиталното сега е пореално од реалното. Емоџи симболите станаа новиот есперанто, универзален јазик на кој зборуваат милиони луѓе – смета Никола Формикети, уметничкиот директор на Diesel.
Кампањата на Diesel се состои од фотографии и серија мали видеа кои илустрираат сајбер-флертување, правење селфи, онлајн шопинг и користење на Tinder.
Нема коментари