После повеќемесечно најавување на новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, вчера се одржа премиерата во рамките на Канскиот филмски фестивал. Режисерот Тарантино се појави во друштво на актерите од филмот Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Марго Роби кои што ги имаат главните улоги. Филмот се фокусира на приказната за еден актер кој во доцните 60-ти се пробива во Холивуд, а се начнува и убиството на актерката Шерон Тејт од страна на следбениците на озлогласениот Чарлс Менсон. На вчерашната премиера во Кан режисерот Тарантино доби седуминутни овации уште пред почетокот на филмот кој се смета за фаворит за главната награда на фестивалот.
На црвениот килим актерката Роби носеше креација на „Шанел“, што не изненади, бидејќи деновиве беше откриено дека таа е новото заштитно лице на линијата на парфеми на оваа париска модна куќа. На настанот се појавија и други актери од филмот, познати ѕвезди и личности од модата како Каролина Куркова, Саша Лус, Коко Роча, сестрите Ел и Дакота Фенинг, Доуцен Крус, Кјара Ферањи…
Нема коментари