Дизајнерското дуо Долче и Габана го слави денот на љубовта во италијански стил со капсулна колекција наречена San Valentino, создадена специјално за денот на вљубените. Овој поглед на љубовта низ очите на дизајнерите се состои од маици, футроли за телефон, чанти, паричници, фустани, привезоци за клучеви и накит со мноштво срциња со разни бои, форми и големини. Покрај срциња кај накитот се вметнати и црвени рози како мотив.
Нема коментари