Oткако се проба како модел, пејачка и актерка, Кара Делевињ најавува дека ќе дизајнира за DKNY. Британскиот топ-модел ќе креира капсулна колекција што би требало да се најде во продажба во ноември оваа година.
-Не можам да поверувам дека некои од моите идеи конечно ќе бидат реализирани во колекција…дизајни со моето име на нив и во соработка со брендот DKNY-изјави таа за WWD.
Линијата ќе содржи 15 модели, од маички, преку моторџиски јакни, до дебели јакни, а цените ќе се движат од 70 до 735 долари. Во кампањата ќе се појави самата Кара, а преку „Инстаграм“ ќе трага по уште два или три додатни модели, користејќи ги хаштазите #CaraWantsYou for #Cara4DKNY.
Нема коментари