Бијонсе послужи како инспирација за новата фитнес програма со која може да ги доведете вашите облини до совршенство. Пејачката поседува тело со убаво дефинирини облини, резултат на секојдневниот тренинг и вежбањето на кореаграфијата за своите настапи. Танцувањето и тоа како придонесува за обликувањето на нејзината фигура.
Вежбите Vixen Workout од таа причина стануваат се повеќе популарни во целиот свет. Базирани на хип-хоп танц движења, со овој кардио тренинг ќе се забавувате, и во исто време ќе работите на вашиот изглед.
Програмата ја основа Џенет Џонс, професионална танчерка на Miami Heat, позната по настапите со Џенифер Лопез, Ашер и Питбул. Тренингот во траење на еден час топи 400 до 1.000 калории, сето тоа додека слушате музика од Бијонсе и Шакира. Не е потребно претходно танцувачко искуство, а следново видео направено од магазинот Elle со Џенет објаснува пет вежбачки движења. Доколку сметате дека овој треннг е за вас, побарајте нови видеа под референцата Vixen Workout.
Нема коментари