Тајванскиот моден креатор Џејсон Ву ја ангажира црвеносоката манекенка и музичарка Карен Елсон за неговата кампања за колекцијата пролет-лето 2014. Елсон е трета во низата славни топ-модел од постарата генерација што соработуваат на промотивните материјали за сезонските линии на Ву. Пред нејзе тој снимаше со Кристи Тарлингтон и со Стефани Сејмур. Фотографиите ги направија а Инез ван Ламсверд и Винуд Матадин, арт-директор е Патрик Ли, а стајлингот е на Кејт Јанг.
Нема коментари