Дизајнерот Карл Лагерфелд за повторно соработува со познатата австриска компанија Swarovski на линија на накит, која што е премиерно претставен вчера во рамките на саемот Baselworld, а ќе се продава од есен во продавниците на Swarovski, во оние што го носат името на дизајнерот и на karl.com и ќе чини од 50 до 25 евра. Целата колекција содржи три подлинии – Ikonic составена од парчиња со поавангардна естетика инспирирана од рокенролот, потоа Klassic Karl во која креаторот го користи својот потпис како одлика на дизајнот и исто така вклучува омаж на неговата мачка Шупет, и третата подлинија Essentials опфаќа покласичен дизајн со ланчиња со кристали и небесни парчиња.
Нема коментари