Наскоро треба да се појави колекција Karl Lagerfeld x Olivia Palermo, соработка меѓу модната ѕвезда Оливија Палермо и брендот на неодамна починатиот креатор Карл Лагерфелд. Колекцијата е најавена неколку дена пред смртта на Карл, конечно ќе бидат достапни дизајните кои ќе бидат микс на женственост, париски стил и дизајнерскиот израз на брендот. На првата фотографија за колекцијата, ја гледаме Оливија во црна кожена јакна со која се оддава чест на стилот Карл Лагерфелд, а на која во графити манир се испишани речениците Karl State of Mind, Forever Karl и #KarlxOlivia. Оливија е кодизајнер на колекцијата која ќе содржи и бели кошули, маици, фармерки, спортски градници и хеланки.
Нема коментари